Пазари на капитал

Им помагаме на клиентите во секој чекор на пазарите на капитал и пазарите на долгови (вклучувајќи ги и АИМ Италија – МАЦ пазарите) како:

  • Првични јавни понуди, зголемување на капиталот, понуди за преземање и понуди за преземање акции-за-акции;
  • Помош за осигурениците, акционерите, осигурителните компании, финансиските посредници и номинираните советници (“NOMAD”);
  • Понуда, листинг и ре-купопродажба на заеми за обврзници и други инструменти на долг (вклучително и Еврообврзници, Евро среднорочни ноти и мини обврзници) како и хибридни катипални инструменти;
  • Помош на издавачите и дистрибутерите со понудите и листингот на регулираните берзи или на Мултилатералните трговски механизми за едноставни финансиски индтрументи и структурирани производи како сертификати, ноти и гаранции.

Обезбедуваме помош во кој било правен и договорен аспект во врска со гореспоментатите трансакции како, изготвување проспекти, понуда на циркулари, прием на документи, договори, акционерски договори и точки на здружение.

Банки, брокерски компании и други финансиски посредници – инвестициски услуги

Им помагаме на банките, инвестициските компании, компании за управување со средства и други финансиски посредници, и италијански и странски, во врска со процесот на овластување кај надзорните власти и во врска со какви било правни и регулаторни аспекти поврзани со набавката на инвестициски услуги, вклучувајќи:

  • Изготвување и преглед на интерните процедури на посредниците потребни согласно надзорните правила;
  • Секретарски услуги за компании и усогласување со барањата на надзорните власти;

  • Изготвување договори за набавка на инвестициски услуги;
  • Прекугранични операции (овластување за услуги за набавка во Италија преку отворање на филијала или како провајдер на услуги во режимот на слободно движење на услугите) и измени на постоечките договори со цел да се обезбеди усогласување со италијанскиот правен систем;
  • Структурирање финансиски продукти;
  • Изготвување и преговарање за договори за пласман на финансиски продукти;
  • Процедура на санкционирање отпочната од надзорните власти против субјектите под надзор и релевантните функционери во компанијата во однос на набавката на инвестициски услуги;
  • Активност за усогласување и поддршка на интерните тимови вклучувајќи усогласување, управување со ризик, внатрешна ревизија и активности против перење пари;
  • Правила за злоупотреба на берзите.

Поседуваме значајно искуство во помагање на странски посредници кои оперираат во странските берзи и бинарните опции, како и на релевантните функционери во компанијата во врска со процедурите за санкции отпочнати од страна на Италијанската комисија за компании и берза (“Consob”).

Банки и финансиски посредници – банкарски услуги

Обезбедуваме помош за банките и финансиските посредници согласно Член 106 од Италијанскиот акт за консолидирано банкарство (“TUB“) за секаки правни и регулаторни прашања во поглед на набавката на банкарски услуги и други финансиски активности, вклучувајќи:

  • Изготвување и преглед на интерните процедури потребни согласно надзорните правила;
  • Секретарски услуги за компанијата и почитување на барањата на Бенк оф Итали (Bank of Italy);
  • Изготвување договори за набавка на банкарски и финансиски услуги;
  • Прекугранични операции (овластување на услуги за набавка во Италија преку отворање на филјала или како провајдер на услуги во склоп на режимот за слободно движење на услуги) и измени на постоечките договори со цел да се обезбеди усогласување со италијанскиот правен систем;
  • Процедури на санкции отпочнати од Бенк оф Итали против субјектите под надзор и релевантните функционери на компаниите за набавка на банкарски услуги;
  • Усогласување и поддршка на интерните тимови вклучувајќи: усогласување, управување со ризик, внатрешна ревизија и активности против перење пари;
  • Правила за лихварство и транспарентно банкарство.

Заеднички фондови

Обезбедуваме помош за компаниите за управување со капитал и менаџерите на алтернативните инвестициски фондови во поглед на правилата за управување со колективен капитал [(вклучувајќи ги недвижните фондови и инвестициските компании со фиксен капитал -(SICAF)], со особен осврт кон:

  • Основање традиционални и алтернативни заеднички фондови согласно италијанските закони;
  • Понуда во странство на фондови согласно италијанските закони и понуда во Италиоја на фондови согласно странски закони;
  • Изготвување и преговарање за договори за пласман за фондови.

Платежни услуги

Можеме да им помагаме на посредниците и на индустриските клиенти во врска со кое било прашање во поглед на обезбедување овластување за обезбедување платежни услуги преку поставување на капитал за посебна цел или преку платежни институции.