Имаме значајна и призната експертиза во областа на даночното право. Им помагаме на компаниите и индивидуалците и за спорни и за неспорни прашања.

Помош при секој чекор од даночните односи

Им помагаме на клиентите во сите фази од даночните односи, вклучувајќи планирање на даноци, ревизија на даноци, проценка на даноци, даночни парници и плаќање даноци.

Постигнавме многу позитивни резултати во даночните парници, поради што станавме референтна точка за многу професионалци, претрпијатија, јавни власти и професионални здруженија.

Поседуваме специфична експертиза во поглед на заштита на средствата и во основање фондови.

Спојувања и преземања – корпоративно реструктурирање

Им помагаме на индустриските и институционалните клиенти во поглед на реструктурирањето на домашните и странските компании, спојувањата и преземањата, Првичната јавна понуда и други невообичаени трансакции, откупување со заем, откупување со спојување, трансфер на правата на интелекруална сопственост и трансфер на престој. Нашите услуги вклучуваат помош при структурирање на трансакции, изведување на даночна поверка, преговори и изготвување предлог даночни клаузули во комерцијални договори во поглед на процедурите за даноци со даночните власти.

Помош во најразлични области на даночното право

Им помагаме на нашите клиенти во сите области на даночното право, вклучувајќи:

  • Данок на доход (IRPEF), данок на корпоративен доход (IRES), регионален данок на производстени активности (IRAP) и данок на наследство;
  • ДДВ, Данок на имот и царински давачки;
  • Данок за совет (ICI), данок на отстранување на отпад (TARSU), данок на заземање на јавно земјиште (TOSAP), данок на рекламирање и други локални даноци;
  • Единствен данок на наградни натпревари, обложување и хазардни игри;
  • Единствен данок на игри (PREU);
  • Даночно ослободување;
  • Даночни казни;
  • Помали даноци и квази даноци (пр. T.I.A., тарифа на официјалните здравствени проверки, итн.)

Асистенција и одбрана на колективните даноци

Особено е важно да се спомене стручноста што ја имаме стекнато во одбрана на даночните обврзници во поглед на законот за плаќање даноци, т.е. во фазата на наплата на даноци.

Употребуваме иновативни стратегии за одбрана на даночните обврзници во поглед на наплата на даноци, што се спроведува од страна на компаниите кои и припаѓаат на групацијата Екуиталија.

Можеме да интервенираме пред даночната експропријација, со даночни жалби пред првостепените и второстепените даночни судови, како и пред Врховниот суд на Италија за:

  • Даночни изјави;
  • Запленување на регистриран движен имот;

  • Регистрација на хипотека.

Исто така, интервенираме по отпочнувањето на експропријацијата преку отпочнување процедури пред Судија за извршување со цел да го обжалиме:

  • Запленувањето на недвижниот имот;
  • Продажбата на капитал од процедурите за наплата на даноци;
  • Судска наредба за запленување на пари или имот за подмирување долг.

Правни процедури за наплата на даноци наменети за сите формални и суштински дефекти на релевантните даночни проценки со цел да се обезбеди моментална суспензија на наплата на даноци и ремисија на неоправданите суми.

Related News