Лексиа аввокати (Lexia Avvocati) е мрежа на независни адвокатски компании со седишта во Милано, Рим, Палермо, Лондон и Скопје, формирана по спојувањето на компаниите „Крискули, Дањино е асоциати“ (“Criscuoli, Dagnino e Associati”) и „Алфиери е Зара“ (“Alfieri e Zara”) (со седиште во Милано), „Санасид’Арпе“ (“Sanasid’Arpe”) (со седиште во Рим) и „Дањино Винченти“ (“DagninoVincenti”) (со седиште во Палермо).

Лексиа аввокати има 5 партнери и околу 40 адвокати.

Нашите клиенти се котирани и некотирани компании, италијански и странски субјекти кои подлежат на супервизија, како банки, инвестициски компании и финансиски посредници согласно Член 106 од Италијанскиот консолидиран банкарски акт („ТУБ“), како и индивидуалци.

Нашите адвокати се големи специјалисти; имат завршено магистерски и докторски студии во странство, тие се универзитетски професори и се редовни предавачи на специјализирани конференции. Ги владеат англискиот, францускиот, шпанскиот, германскиот, португалскиот, унгарскиот, хрватскиот, српскиот и македонскиот јазик.

Преку консолидираната мрежа на соработка со познати странски адвокатски компании и странски професионалци, можеме да им помогнеме на нашите клиенти во поглед на трансакциите во најразлични јурисдикции, а сепак да ги одржиме квалитетот и флексибилноста на независна адвокатска канцеларија.