Ние сме првата италијанска компанија што отвори канцеларија во Македонија (во 2015 година) за обезбедување помош во поглед на правни и даночни прашања на италијанските компании што сакааат да инвестираат во Македонија.

Канцеларијата се состои од тим од италијански и македонки професионалци со големо искуство и познавање на инвестициите во Македонија.

Од отворањето на канцеларијата ние сме вклучени во најважните италијански инвестиции во Македонија, вклучувајќи и делокализација на цело или дел од производството во Македонија или аутсорсинг на процедури и услуги во следниве сектори: автомобилскиот, механичкиот, текстилниот, за челик, земјоделство, градежништво, електроника, лесна индустрија и кол центри.

Обезбедуваме целосна правна помош на нашите италијански клиенти за многу правни прашања во врска со италијанските или македонските закони во почетните или подоцнежните фази на инвестирање, вклучувајќи и помош при преговарање со владини и невладини власти.

Обезбедуваме средби за нашите клиенти со главните владини служби, локалните власти, банките и странските компании во Македонија за презентација на инвестициските проекти, наоѓање партнери и барање локални и странски набавувачи.

Дел од главните причини за инвестирање во Македонија, меѓу другото, се:

  • географската близина со Италија и стратешката позиција на земјата меѓу Европа и Азија;

  • политичката стабилност и еден од најниските јавни долгови во Европа;
  • најниски даноци во Европа (0% во слободните зони и 10% во неслободните зони само на дистрибуираниот профит);
  • најниски трошоци за работна сила во Европа (вредност слична со онаа во Кина) и висококвалификувана локална работна сила;
  • локална валута (Македонски денар) стабилно прицврстен во однос на еврото;
  • три слободни зони лоцирани на неколку минути од главниот аеродром (1 Евро = 61,2 Денари)
  • ограничена бирократија, благодарение на едношалтерскиот систем;
  • пристап до пазар од повеќе од 600 милиони луѓе преку договори за слободна размена меѓу неколку јурисдикции, меѓу кои и онаа на ЕУ, Турција, Украина, земјите во Европската економска зона и Европското здружение за слободна трговија;
  • гаранција за владини стимуланси за странските инвестиции;
  • достапност на „готови“ напуштени индустриски фабрики.

Related News