Prof. Avv. Alessandro Dagnino

Practice Areas

  • Даноци
  • Странски директни инвестиции во Македонија (Македонска канцеларија)

Profile

Алесандро Дањино, адвокат при Врховниот суд во Италија и професор по даночно право при универзитетот Л’акила (L’Aquila), е основачки партнер на компанијата.

Како еден од водечките адвокати во областа на даночното право, тој помага на малите, средните и големите прептијатија, банки, професионалци и приватни клиенти во поглед на даночните парници; тој исто така им помага на клиентите во нивниот однос на компаниите во склоп на Екуиталиа груп (Equitalia Group) и Рискосионе Сицилија (Riscossione Sicilia s.p.a.)

Моментално е Претседавач на Одборот на ликвидатори на еден од најголемите поранечни носители на дозвола за даночна наплата.

Тој долги години обезбедува даночни совети за регионалните влади и локалните субјекти.

Образование

Алесандро Дањино дипломираше право summa cum laude со почести при Универзитетот во Палермо. Неговата дисертација насловена „Данок на доход на нерезидентни компании и субјекти“ доби награда „Ц.Манцони“ (“C. Manzoni”) од универзитетот Бокони во Милано.

Тој беше одликуван за неговата докторска десертација за Законот за даноци од Универзитетот во Катанија.

Магистер е по Компаративно и европско право и специјалист по Европско право при Универзитетот во Палермо.

Посетуваше напредни курсеви по меѓународно даночно право при Универзитетот Минстер

Академска активност

Алесандро Дањино е професор по даночно право при Универзитетот Л’Акила.

Од 2003 до 2012 тој беше професор по јавна економија и финансиски право при Универзитетот во Палермо.

Тој, исто така, беше професор на службениците во Италијанската служба за даноци и при Скуола Супериоре во Министерството за финансии на Италија.

Автор е на бројни дела, меѓу кои и монографија во полето на домашно, меѓународно и европско даночно право и даночна етика.

Тој е член на Уредничкиот одбор на журналот „Diritto e pratica tributaria internazionale”.

Здруженија

Основачки партнер на Комората на адвокати по даночно право на Палермо.

Почесен регионелен секретар на Британската стопанска комора на Италија.

Активен член на Поранешни членови на Аспен зуниор при Институтот Аспен во Италија.

Претседател на Одборот за етика и дисциплина (“Collegiodeiprobiviri”) при Стопанската комора во Палермо.

Заменик претседавач на Здружението на католички адвокати на Палермо.

Заменик претседавач на Здружението на професионални на Палермо – огранок на адвокати.

Член на Меѓународното здружение на адвокати.

Претседавач на Италијанскиот огранок ЕЛСА (Европското здружение на студенти по право).